Обединети за Македонија одбележува 11 години од основањето: Постоиме за татковината!

Од:

Обединети за Македонија денеска одбележува 11 години од основањето на политичката партија.

„Основањето на Обединети за Македонија беше повеќе од потребно. Познати како револуционерна партија, низ годините имавме притисоци, уцени, изборни кражби и измами, прогони, монтирани судски процеси, спектакуларни апсења, протести и побуни.

Затоа, се обединивме за да ги оствариме идеалите на ВМРО и неговите идеали запишани во нејзиниот Устав: Сите сме граѓани на Македонија, без разлика на вера, националност и пол. Поради тоа станавме жестоки непријатели на партии кои се обидуваа да го злоупотребат тоа име за манипулативно-политички цели.

Одговорни пред идеалите и стварноста, бевме и останавме критичари на секој субјект, но и противници на секоја политика што не дозволува земјата да оди кон стопански развој и реформи, кон евро-атланските интеграции.

Денес македонската борба не е на леви и десни. Денес македонската борба е борба на про-НАТО и про-ЕУ субјекти против анти-НАТО и анти-ЕУ.

Затоа, Обединети за Македонија е со став дека обединувањето е решение – се додека не профункционира системот и не се создадат услови за демократизација на општеството:

1. Доследно остануваме на определбите за завршување на започнатите реформски процеси во судството.

2. Мораме во нашата држава да создадеме демократски услови, за да создадеме предуслови за фер борба на идеи меѓу левицата, центарот и десницата. Обединети за Македонија останува на својот став за промена на избирачкиот модел во една изборна единица. Само така ќе се покаже реалната желба на граѓаните.

3. Сметаме дека обезбедувањето на сите потребни предуслови за преговори на РС Македонија во ЕУ – е и останува надпарстиска цел.

4. Промовирање на европските десни вредности – Обединети за Македонија останува да се бори за промовирање на: државен патриотизам, демократски развој, духовни вредности, правна држава, слободен пазар, западен капитализам, слобода на говорот и печатот, обезбедување економско-социјална сигурност, градење на пријателство и добрососедство и др.

Нека ни е честит единаесеттиот роденден на политичката партија Обединети за Македонија!“, се вели во соопштението на ОМ.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска