Обединети за Македонија нема да оди на избори на петти јуни со тоа нема да поддржат избори кои се нефер, недемократски и кои нема да бидат кредибилни.
Трите најважни точки од „Пржинскиот“ договор не се исполнети-регулација на медиумите, одвојување на партијата од државата и прочистување на избирачкиот список. Ние како партија нема да учествуваме на избори додека не се исполни Пржинскиот договор во целост, стои во реакцијата од партијата.