Ние од Обединети за Македонија одамна сме свесни дека криминалот на Никола Груевски и неговата банда ќе излезе на виделина, бидејќи како што и самиот во една прилика кажа „Вистината е како шило“.
Знаеме дека ова измислено кривично дело ќе биде последно за кое некој бил обвинет во Република Македонија. Македонија веќе нема да биде држава во која има политички затвореници.
Правдата ќе победи, правдата секогаш победува!
Ги повикуваме сите, вклучително и членовите на ВМРО ДПМНЕ, да не бидат во заложници на криминалци. Сепак, иднината ни припаѓа на сите! Никој нема право да ни ја одземе, велат од партијата.