Обединети за Македонија: Да се најде излез од ситуацијата

Од:

Обединети за Македонија, како дел од коалицијата Сојуз за иднината, повикува на политички дијалог за излез од кризата во која се најде Македонија.

– Ургентноста на состојбата во државата не трпи одлагање или калкулации на сметка на македонскиот народ.Апелираме премиерот да го прифати реалниот и фер предлог на опозицијата.Тврдоглавите ставови треба да бидат отфрлени бидејки Европа преку посетата на германскиот министер за надворешни работи, на Македонија и го испрати последниот пријателски сигнал, најдете компромис и мислете на народот, соопштија од партијата.

Од партијата велат дека слушнале за преполната агенда на премиерот, но зошто министерот Поповски избегнал да каже за што се разговарало со неговиот германски колега.

– Јасни им се на сите пораките кои ги донесе германскиот миснистер за надврешни работи,нема потреба од средба треба да се видат на дело прифатените обврски на Груевски. Актуелните партнери на власт ДУИ и ДПМНЕ, се сега на потег, господа од власта барем на вас кога се во прашање партиските агенди компромисот ви е добро познат, да не ве потсетуваме, додаваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска