Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија

Од:

Обединетите нации ја заменија референцата „Поранешна југословенска република Македонија“, со името „Северна Македонија“ во списокот на признати држави.

Промената во ОН е направена на 14 февруари во вечерните часови. Министерството за надворешни работи вечер ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава.

-Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени, информира тогаш Министереството за надворешни работи.

Договорот меѓу Атина и Скопје за посредништво со ОН за формално признавање на „Република Северна Македонија” е добредојден, „историски” чекор што треба да го поддржат регионалните и меѓународните земји-членки, објави претходно генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Би можело да ве интересира

Македонија меѓу седумте земји кои гласаа против укинувањето на санкциите за Куба во ОН

Катерина Ѓуровски

По 10 години, ОН повторно воведе сеопфатни санкции врз Иран

Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп е убеден дека бил саботиран во Обединетите нации, бара итна истрага

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

ВИДЕО: Франција ја признава Палестина, Макрон организира самит, САД и Израел бојкотираат

Катерина Ѓуровски