Обединетата македонска дијаспора одби средба со Али Ахмети

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) реагира по информацијата објавена од Демократската унија за интеграција дека за време на посетата на Вашингтон, нивниот лидер Али Ахмети ќе има средба со претставници на ОМД. Од Обединетата македонска дијаспора велат дека поканата за средба ја добиле дури откако партијата на Ахмети ги информираше медиумите, а пред на тоа да добие потврден одговор. Од ОМД имаат и подлабоки забелешки кон средбата со Ахмети, јави дописникот на МИА.

– Како резултат на тоа, ОМД како организација што го преставува гласот на македонската дијаспора, смета дека не е во корист на дијаспората и Република Македонија да преговара или пак да се договара со политичар чие темно минато како водач на екстремисти остави длабоки траги и негативни последици на Република Македонија, во која за жал полека, но сигурно македонскиот народ во западниот дел на Македонија се третира како малцинство во полза на албанскиот.

– Во продолжение, ОМД ја отфрла и ја смета за неважечка стратегијата на Ахмети, како и неговиот став од типот на „Албанците во Македонија се оние кои немаат повеќе трпение за името и бараат решение“, кои што беа објавени пред неколку дена во дневниот печат. Секој вид на разговор од страна на ОМД со Ахмети би се протолкувал како поддржување на неговите цели за притисок врз македонскиот народ и брзоплето „решение“ кое би резултирало во промена на името.  За да не дојде до тоа, ОМД категорично одбива каква и да било средба со Али Ахмети, стои во соопштението на ОМД.

Од Обединетата македонска дијаспора со забелешки и за изборот на темата на предавањето кое лидерот на ДУИ ќе го има во универзитетот Џонс Хопкинс – Македонија, стабилна или не, и сметаат дека е недолично да се поставува прашањето за стабилноста на Македонија.

Би можело да ве интересира

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

ВРЕДИ: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Катерина Ѓуровски

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Понижувањето стана секојдневна реалност за Албанците, оваа моноетничка влада ја врати земјата со децении назад, велат од ДУИ