„Обединета младина за Македонија како дел од опозицискиот фронт ги повикува младите масовно да излезат и да ја подржат борбата за демократска Македонија.
Македонија која од секогаш била и ќе остане парче света земја, кој од секогаш нејзиниот народ како и денес се борел за слобода, но денес има многу поголема разлика од минатот, денес сите националности се сплотени во едно, со цел да ја ослободат нашата Македонија од тиранијата која владее веќе девет години, девет години Македонија е во кал до колена, девет години каде што Македонија како никогаш до сега младите ја напуштаа поради немање доволно сретства за егзистенција, но каде и да одат Македонија ја носат длабоко во срцето, но сепак мора да се соочат со нејзиното напуштање. Ајде сите заедно да ја задржиме нашата младина тука каде што се родила, сите заедно да извикаме МАЛ ДИКТАТОРУ НИКОЛА ДОСТА Е ОДИ СИ!!! Македонија е наша, сакаме да ја оставиме на нашите деца, доста ни е од задолжување на кредити, доволно рашируваше омраза помегу брат со брат, помеѓу соседи, доволно направи но не ти успеа меѓуетничката омраза, не сакаме пушка и куршум сакаме твоја оставка, оставка која Македонија ќе ја извади од живата песок, довоно беа твоите лаги и манипулации, доволно сееш страв по народот, но тоа повеќе нема да ти успее, затоа мал Никола кренија белата марама и ОДИ СИ.
Сакаме Македонија да биде слободна, демократска и со меѓу етнички прегратки, да биде дел од Европското семејство и членка на НАТО, заедно до крај ќе се бориме за слободата на нашата Македонија и нашиот народ.
ДА ЖИВЕЕ НАШАТА ЕДИНСТВЕНА. ВЕЧНА И БЕСМРТНА МАКЕДОНИЈА“, се вели во соопштението на Обединетата младина за Македонија.