НВО Инфоцентар: Власта бега од одговорноста и ги крши уставните права на граѓаните

Од:

„Предлог-законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите, доставен до Собранието на Република Македонија, од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е во спротивност со Уставот на Република  Македонија и целосно ги крши основните  права на граѓаните поврзани со слободата на изразување, слободата на мисла и слободниот пристап до информирањето.

Обидот на владејачката гарнитура, преку овој неуставен закон, да воведе комплетна цензура, за НВО Инфоцентарот претставува уште една недвосмислена потврда за тоа дека актуелната власт нема никаков демократски капацитет и дека е подготвена на секаков можен начин да ја избегне својата одговорност, како за неовластеното прислушување на десетици илјади граѓани, така и за корупцијата и криминалите обелоденети со таканаречените бомби.

Граѓаните имаат право да ја дознаат целата вистина и да бараат одговорност од оние кои незаконски ги прислушувале и ги трошеле нивните пари.

Затоа, НВО Инфоцентарот ѝ се приклучува на граѓанската иницијатива АЈДЕ и ги повикува граѓаните на Република Македонија масовно да излезат и да го изразат својот револт на денешниот протест пред Собранието, закажан за 18 часот.

СТОП за цензурата!

Едновремено, НВО Инфоцентарот апелира до меѓународните посредници да не дозволат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го забавуваат преговарачкиот процес и да ги пролонгираат договорените рокови“, се вели во реакцијата на НВО Инфоцентарот.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво

Катерина Ѓуровски

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

Катерина Ѓуровски

Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните

Катерина Ѓуровски