НВО бараат Собранието пред да се распушти да ги откочи медиумските реформи

Од:

Собранието што побргу да го заокружи изборот на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на јавниот сервис МРТ затоа што веќе во февуари ќе се распушти поради предвремените парламентарни избори, а Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и да биде потранспарентна, меѓу останатото, за тековното разрешување на раководството и да прекине со праксата за донации.

Тоа се дел од препораките во денеска презентираниот четврти мониторинг извештај за работата на АВМУ и на АЕК за периодот мај-август годинава.

– Реформите во медиумската сфера, вклучително и изборот на новите членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ се закочени од Собранието. Европската комисија во извештајот за 2019 година објавен во овој период на мониторинг укажа дека примената на законските измени бара силна политичка посветеност, рече на презентацијата на извештајот Билјана Бејкова, извршен директор на НВО-Инфо центар, која е дел од носителите на проектот за мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите.

Во проектот се вклучени и Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Советот на АВМУ, информира Бејкова, во мониторираниот период повторно поведе постапка за испитување на сопственоста на 1ТВ, а во екот на случајот рекет на критиките од Здружението на новинари јавно реагираше дека како регулаторно тело има ограничени ингеренции во следењето на потеклото и текот на каипталот во медиумите. -Случувањата поврзани со 1 ТВ за нас се показател за потребата од креирање соодветна политика, регулатива и ефикасни механизми за следење на сопственичката структура во медиумите, вклучително и текот на парите, наведе Бејкова.

АВМУ, според извештајот, покажала конкурентност во отчетното и транспарентно работење, активност на полето на медиумската писменост, а забележано е и зачестено реагирање за притисоци и вербални напади врз новинари и медиуми од страна на политичари, што, потенцираше Бејкова, не беше постојана навика во минатото кога имаше поголем број такви случаи.

Извештајот, пак, во делот за АЕК, препорачува регулаторот да не издвојува средства за донации, откако ја вратила таквата пракса со измените на Финансискиот план за годинава и по тој основ одвоила 6.150.000 денари.

Горан Лазаров од Центарот за граѓански комуникации соопшти дека Извeштајот покажува дека АЕК продолжило со добрата практика најголем дел од информациите да ги објавува на трите интернет страници, но оти и натаму недостасуваат информации што се важни за јавноста, како што е промената во составот на Комисијата на АЕК како највисoко тело и биографиите на членовите на Комисијата и на извршниот директор.

Лазаров информираше дека на 14. состанок Комисијата на АЕК ја разрешила досегашната претседателка на Комисијата Гордана Клинчарова и на нејзино место го поставила Стевица Јосифовски, кој е еден од двајцата новизбрани членови на оваа Комисијата. На барање на новизбраниот претседател на Комисијата е почната постапка за разрешување на директорот на АЕК Сашо Димитријоски. За предлогот гласале тројца од пет членови и формалното разршување на директорот треба да следи на состанокот на кој ќе му биде овозможена одбрана за ставовите посочени на состанокот. Изненадува, укажува Лазаров, тоа што во записникот не може да се најдат никакви информации за причините за разрешување на претседателката на Комисијата и на извршниот директор. – Критериумите за разрешување се навистина високи, како несовесно извршување на функциија, работење спротивно на статутот и деловникот за работа и затоа е важно јавноста да биде информирана за причините, рече Лазаров.

За АЕК се препорачува и да изработи комуникациска стратегија, во која детално ќе бидат разработени каналите и начините преку кои регулаторот ќе се доближи до граѓаните.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите