Нуредини на Светскиот конгрес за конзервација на природата во Марсеј

Од:

Прашањата на зачувување на биодиверзитетот, митигацијата на климатските промени и адаптацијата кон нив се испреплетени и наш приоритет како земја ранлива на климатските промени, за што бевме сведоци за време на шумските пожари летово. Наш приоритет е реставрацијата на екосистемите и обезбедување на истовремен зелен развој на локалното население, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој во рамки на Светскиот конгрес на Светската унија за конзервација на природата (IUCN), денеска учествуваше како панелист во сесијата посветена на решенија базирани на природата за климатските промени, заедно со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово Либурн Алиу, заменик министерката за туризам и животна средина на Албанија Орнела Чучи, Наиг Козанет од Француската агенција за развој, како и регионалниот директор на Светската унија за козервација на природата Борис Ерг.

Од МЖСПП наведоа дека во своето обраќање тој го презентирал националниот напредок во зачувување на природата, со прогласувањето на новите заштитени подрачја, а посебно Осоговските Планини и националниот парк Шар Планина, со што уделот на заштитени подрачја порасна од 8,9 проценти на 13, 3 отсто од територијата на Република Северна Македонија.

Истовремено тој ги истакнал напорите за одржлив развој на заштитените подрачја, изнаоѓањето на соодветен начин на нивно управување за обезбедување на балансирана интеракција на човекот со природата и обезбедувањето на соодветните екосистемски услуги.

Претставниците на трите соседни земји изразиле подготвеност за засилување на прекуграничната соработка за заштита на природата, со посебен фокус на климатските промени, особено во Охридскиот регион и Шар Планинскиот планински масив.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари