НСП го претстави новиот колективен договор на вработените во МВР

Од:

Независниот синдикат на полицијата денеска го претстави новиот колективен договор на вработените во МВР.

Договорот, кој во целост е изработен од НСП, вчера му е доставен на увид на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Новиот колективен договор ќе ја отсликува реалната слика на синдикалните движења на сите нивоа во МВР. Прв чекор, согласно укажувањата на Уставниот суд, е укинување на одредбите од членот 4 од постојниот колективен договор со кој отворено се вршеа притисоци и загушување на синдикалното движење од страна на т.н. репрезенативен синдикат, изјави генералниот секретар на НСП Орце Коцевски пред МВР.

Тој информира дека согласно предложениот нов колективен договор бараат да се коригира и изработи нов начин на пресметка на листата на плати со што, како што рече, секој вработен ќе знае колку од неговата плата е основна, колку е минат труд, колку е додаток за овластување, а потоа да се пристапи и почне со усогласување на платите. Поради посебните услови за работа и опасноста по живот, во новиот колективен договор се предвидува дополнителен додаток на плата за полициските службеници, униформираните полициски службеници, вработените во Одделот за внатрешна конотрола и професионални стандарди.

Предлагаат воведување на т.н. пасивно дежурство за сите полициски службеници кои, како што рече, и денес го извршуваат, а за тоа не се соодветно платени.

Се предвидува со секоја нова систематизација работникот да може да се симне најмногу до едно ниво, согласно работното место каде претходно работел. Се предвидува јасно и концизно што се прекувремени часови, да се врати правото на регрес за годишен одмор, воведување термин граничен додаток…

Коцевски посочи дека колективниот договор на вработените во МВР е изминат од 30 април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он