А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НСДП: ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на сите фирми го враќа црниот капитал изнесен од државата, испран и легален

by А1он08/12/2016 - 14:2808/12/2016 - 14:32130
Share0

„Власта постојано зборува дека статистички имаме раст на економијата. Граѓаните најдобро знаат дека тој раст е декларативен а не реален, бидејќи тој не се одразува, односно нема реален ефект на животниот стандард кај сиромашниот слој. Таквиот статистички привид за раст на економијата го прикрва постојаното социјално раслојување македонското општество во кое богатство се повеќе се концентрира кај мал дел од населението, се разбира на сметка на т.н. средна класа, која полека исчезнува. Средната класа практично не постои, граѓаните се раслоени на многу мал број богати и огромен број сиромаси.

Добивај вести на вибер

Безумното задолжување на државата за да се соочува социјалниот мир преку исплата на пензии и плати на административците, практично ги задолжува идните генерации на долгорочни долгови. Оние кои не учествуваат во донесувањето на политичките одлуки на власта за задолжување на државата ќе мора да ги враќаат долговите, и тоа токму генерацијата која денес има 12-13 години и нема право на глас, кога ќе наполни 22 или 23 години ќе треба да ги враќа долговите, иако не учествувале  во легитимирањето на одлуките преку изборниот процес.

Дополнително, елитата на ВМРО-ДПМНЕ со превземањето на сите фирми во државата и со отворањето на т.н. технолошко-индустриски развојни зони, практично го враќа црниот капитал што го изнесоа од државата (над 5 милијарди евра), но сега испран и како легален, продавајќи ни го како директни странски инвестиции. Голем број на новопечени бизнисмени и политичари од владејачката партија  со пари, имот и акции енормно се збогатија за кратко време.

Новата влада на коалицијата „За живот во Македонија“ со механизми на даночната политика противзаконски стекнатиот имот ќе им го одземе. Не како чин на освета, туку како дел од системот што ќе функционира врз основа на правото и јавниот морал. Нема ништо по нормално, во недостаток на пари, државата да посегне по тие што краделе и сега имаат капитал. Преродбеничката олигархија ќе мора да го врати сето украдено од најсиромашниот народ во Европа и од стопанството кое го клекнаа на колена.

Во една социјална држава, простата логика налага некој кој што има голема куќа треба да плати поголем данок, како и оној што има поголем банкарски депозит да треба плати поголем данок. Согласно оваа логика, по 11 декември, оние кои што преку тендери во јавниот сектор, безмилосно ги присвојуваа парите на сите граѓани, обезбедени со државниот буџет, дополнително ќе треба да платат и еднократен данок на богатството стекнато со злоупотреба на државните финансии. Тој данок не смее да биде понизок од 30% од вкупно стекнатиот  капитал преку тендери во јавниот сектор. Станува збор за еден мал број на бизнисмени и компании кои по правило сите изминати 10 години ги добиваа тендерите од владејачката структура“, се вели во соопштението на НСДП.

dpmnensdp

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен