А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НСДП: ВМРО-ДПМНЕ се исплашени како никогаш досега

by А1он03/03/2015 - 14:2703/03/2015 - 14:31151
Share0

„По објавените прислушувани разговори чија автентичност до сега никој не ја оспори, станува јасно дека институциите на државата се целосно окупирани и заробени. Единствената шанса тие да се ослободат е окупаторите да се повлечат од функциите или пак некој од слугите на интересите на една моќна група поединци да престанат да слугуваат. За жал не проработи совеста кај ниту еден министер, пратеник, судија, обвинител или антикорупционер. Сето тоа поради целосната и безрезервна поддршка на Никола Груевски и Владата од страна на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во справувањето со предизвиците наметнати од неодговорната опозиција“, се вели во соопштението на НСДП.

Добивај вести на вибер

„По вчерашната пресконференција на потпретседателот на Владата, Зоран Ставрески станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ застанува „гордо, силно и во збиени редови“ во одбрана на насилието, криминалот и корупцијата.

Монструозните најави на ВМРО-ДПМНЕ заедно со зголемените овластувања на полицијата со Законот што по итна постапка  вчера го донесе Собранието на Република Македонија, само покажуваат дека власта се подготвува да се бори до последната капка туѓа крв.

НСДП ги повикува граѓаните на Република Македонија да не им плашат на насилниците кои сами признаваат дека се „лудаци“ (Ставрески во разговор со Јанкулоска). Тие се исплашени како никогаш досега, од внатре еродирани, од надвор изолирани. Од таму и драматичните повици за „сплотеност“ и „единство“ во одбрана на личните, групни и партиски интереси“, се вели во соопштението на НСДП.

НСДП дава целосна поддршка на лидерот на СДСМ Зоран Заев во  обелоденување на вистината за корумпираната, криминална, алчна, забегана и недемократска власт, како и целосна подршка во битката за враќање на демократските и европски вредности во Република Македонија.

nsdppuc

Би можело да ве интересира

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања

Горан Наумовски24/06/2025 - 08:26

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Горан Наумовски19/05/2025 - 08:34

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ01/10/2024 - 08:5901/10/2024 - 09:02

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

Горан Наумовски18/06/2024 - 14:02

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Катерина Ѓуровски03/06/2024 - 09:18

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Горан Наумовски22/04/2024 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен