НСДП: Власта пласира невистини за криза во опозиционата коалиција и припојување на НСДП кон СДСМ

Од:

„Во врска со медиумските напади на некои провладини новинари-слуги на Груевски кон НСДП, сакаме да ја информираме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ обидувајќи се да го дефокусира вниманието од катастрофалниот Извештај на Европската комисија, прво апсеше судии, па создаде паника во јавноста од непостоечка ебола, па преку контролираните медиуми од власта продолжува со пласирање на невистини за криза во опозиционата коалиција и некакво припојување на НСДП кон СДСМ.

Сакаме јасно и недвосмислено да им ставиме до знаење на душегрижниците, дека НСДП е самостоен политички субјект и дека продолжува да опстојува како таков. Исто така остануваме рамноправен партнер во опозиционата коалиција рамо до рамо со останатите партии во борбата против инсталираниот режим во Македонија од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски