НСДП: Вчерашниот референдум е само увертира за престојната политичка битка

Од:

Граѓаните на општина Центар вчера го положија тестот на непосредната демократија, демонстрираа созреана политичка култура и свест за тоа што значи рефендумско изјаснување во услови кога демократските капацитети на системот се руинирани до крајни граници, велат од НСДП.

„Излезноста на околу 40 отсто од гласачите на Центар, јасно говори дека барокот ја нема поддршка. Тоа што еден градежен објект како ГТЦ усепа да мобилзиира околу 17 илјади граѓани само зборува дека стравот се победува, а власта се соочува со поотворено незадовлство и спротивставување.

Ова порака е уште посилна ако се земат во предив околностите во кои беше спроведен рефендумот. Непрочистениот избирачки список, игнорантскиот однос од јавниот сервис МРТВ како референдумот и да не постои, отворениот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ кој доведе до притисоци на јавната админстрација да се бојкотира овој демократски инструмент, притисоци на кој подлегна и Претседателот на државата Ѓорге Иванов, создадоа политички контекст во кој референдумот за еден градежен објект изразува политичката волја за пошироки општествено-политички промени во Маkедонија.

Ако владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека граѓаните ги поддржуваат во нивнитот проект Скопје 2014 и дека волјата на граѓаните е наклонета кон нив, добро би било да видиме иницијатива од нивна страна во општина Центар за референдумско изјаснување за целиот проект Скопје 2014.

НСДП смета дека повеќе од јасно е дека граѓаните не застанува тука во спротивставувњето на режимот, вчерашниот референдум е само увертира за престојната политичка битка во која стравот и молкот повеќе не се избор за граѓаните“, се вели во соопштението на НСДП.

 

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ