НСДП: Професионалните војници на АРМ изоставени од најавените покачувања на платите на безбедносните сили

Од:

„Изоставањето на професионалните војници на АРМ, како дел од безбедносните структури задолжени за чување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, од најавените покачувања на платите на безбедносните сили кои се дел од МВР, ја разјаснува намерата на премиерот Груевски да си „купи“ лојалност и поддршка во институциите со репресивен капацитет во моментите кога е соочен со длабоко поткопан легитимитет и во потрага на сила која ќе го брани режимот, а не територијалниот интегритет на државата.

Приоритетите и намерите на Груевски стануваат за НСДП уште појасни ако се знае дека една од најсилните светски економии, Германија, има 298 полицијаци на сто илјади жители, а Македонија 500 на истиот број жители, што зборува дека највеното покачување на платите не соодветствува со силината на македонската економија, туку на авторитарни и репресивни политички рефлекси кај владеачката елита, која не може да се помири со потребата за нејзино заминување од власта. Кон истите потези  прибегнуваше и Слободан Милошевиќ, полицијата му беше една од најсилните потпори во одбраната на својот режим, но сепак и таа не успеа да го спаси од заминувањето од  власта.

Во овој контекст на прибегнување кон зајакнување на репресивните елементи на системот во услови кога економијата е на колена, нужна реалност станува запоставувањето и девалвирањето на припадниците на АРМ. Нивното понижување оди до таа мерка што треба да се радуваат на донации од странска држава на униформи и обувки, а истовремено од буџетот да се одвојуваат средства за таинстевни и сомнителни набавки на скапа опрема за МВР.

Делигитимирањето и отсуството на демократски капацитети создаде ситуација во која одржувањето на државните капацитети за одбрана на територијалниот интегритет и суверинитет се поткопува на сметка на трошењето на огромни буџетски средва за зајакнување репресивната кондиција на полицијата“, се вели во соопштението на НСДП.

 

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд