НСДП: Оставки! Животот на едно дете е поважен од партиските фотелји

Од:

НСДП бара сите инволвирани функционери на ВМРО-ДПМНЕ за трагедијата со малата Тамара да си поднесат неотповикливи оставки, затоа што, велат, животот на едно дете е поважен од партиските фотелји. Еве што бара и порачува НСДП:

Зачудени сме како, министерот за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, директорката на Клиниката за детски болести од ВМРО-ДПМНЕ, Аспазија Софијанова, мајката на министерот за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Поповски, Анастасика Поповска, претседателка на Второстепената комисија и директорката на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова, сеуште ги извршуваат функциите после големата трагедија со малата Тамара, која ја потресе целокупната македонска јавност.

Обидите за затскривање на одговорноста позади бирократски процедури не ги амнестираат од одговорност партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои што во континуитет го уништуваат здравствениот систем на Република Македонија.

За ВМРО-ДПМНЕ поважни и повредни се панорамските тркала, врбите и бродовите во Вардар, прескапите споменици и капии, барокни фасади, отколку животот на едно мало дете, кое можеше да се спаси доколку имаа волја да се откажат од нивните привилегии и забегани проекти.

НСДП бара сите инволвирани функционери на ВМРО-ДПМНЕ во овој случај да си поднесат неотповикливи оставки, затоа што животот на едно дете е поважен од партиските фотелји.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ