НСДП: Иванов да ја стави сопругата за мандатор

Од:

„Почитуван господине Иванов,

Веќе на сите им е јасно дека причините за вашето политичко однесување не можат да се бараат во принципите на здраворазумското и рационално размислување, туку во некој ваш личен страв или уцена која ве турка во виорот на афективното и ирационално однесување. Преку вашата истрајност во непочитувањето на Уставот и законите како да сакате својата лична трагедија да ја колективизирате, да ја наметнете на сите граѓани на Македонија, се со единствена цел да го задоволите вашиот наредбодавец, кој грчевито се обидува да се спаси себеси и својата криминална клика од одговорноста за сите злодела кои ги напаравија на државата.

Од вашата покорност не можете да видите дека вашиот претпоставен, на кого еднаш му го дадовте мандатот, нема ниту морален ниту политички капацитет да обезбеди 61 пратенички потпис, како основа за продолжување на неговото владеење. Не можете да го согледате изолирањето на државата и нејзиното туркање во провалијата на хаосот и поделбите.

Бидејќи на Зоран Заев не сакавте, а му ветивте, да му го дадете мандатот за состав на влада, а имајќи во предвид дека принципите на демократијата за вас не претставуваат никаков императив или извор на политичко однесување, во овој момент ви предлагаме својата „историска мисија“ да ја завршите на еден оргинален начин, кој за момент може да ве извади од сенката на наредбодавецот.

А тоа е да го следите примерот на шефот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој својата сопруга ја именувана за прв потпретседател на земјата, и вие својата сопруга да ја определите за мандатор за состав на нова влада. Само на тој начин може да го компензирате неисполнувањето на вашата желба Груевски да биде повторно премиер, бидејќи ниту нови избори нема да му ги донесат толку посакуваните 61 пратеник“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ