Општинската организација на НСДП – Битола, изразува сериозна загриженост дали мерката куќен притвор определена врз градоначалникот Владимир Талески се спроведува и исполнува според закон.
„Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото, влијае на сведоците“, стои во соопштението.
Општинската организација на НСДП од Битола смета дека со ова признание се фрлаат сериозни сомнежи дали мерката се спроведува и обезбедува согласно Законот за кривична постапка.
НСДП бара органите задолжени за спроведување и контрола на мерката куќен притвор, да проверат дали мерката се спроведува и почитува на начин како што е опишан во решението на Судот.