Новогодишните понуди во Охрид со цени слични на минатогодишните

Од:

Охридските хотелиери и угостители веќе активно се подготвуваат за што подобар пречек на гостите кои ќе решат да ги минат новогодишните празници и највеселата ноќ во овој најпознат туристички град.

Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници слични на минатогодишните, до 180 евра зависно од понудата, бројот ноќевања и категоријата на објектот.

Тридневен аранжман на база полупансион во хотелот „Метропол“ чини 147 евра, со вклучен дочек и новогодишно мени. Истиот аранжман во „Инекс Горица“ чини 139 евра, во „Силекс“ 143 и во „Климетица“ 135 евра. Хотелот „Белведере“ нуди тридневен аранжман за 149 евра од лице, со тоа што вклучува свечени новогодишни вечери и за 31 декември и за 1 јануари. Само дочекот на Новата година во хотелите ќе изнесува 30 евра од лице.

Инаку, хотелиерите велат дека има интерес за аранжманите, дека веќе пристигаат резервации, на со забелешка дека во споредба со минатата година за истиот период засега интересот е помал.

Во познатите охридски ресторани цените на дочекот со свечено новогодишно мени слични на минатогодишните. Во „Далга“ прелекот на новата година ќе изнесува 45 евра со богато мени и неограничен пијалок, односно 25 за втората вечер без пијалок. Ресторанот „Света Софија“ нуди богато новогодишно мени со аперитив за 25 евра, со доплата за пијалок, додека втората вечер на влез ќе се наплаќа консумација од 1.200 денари, што гостите ќе можат да ја потрошат по свој избор. Во рестораните „Белведере“ и „Билјанини извори“ пречек на новата година ќе чини 40 евра со 10 евра пијалок, додека вечерата на 1 јануари ќе чини 25 евра, од кои пет евра за пијалок. Дел од угостителите ќе работат според варијантата на отворен влез, со редовни цени на храната и пијалоците.

На новогодишните празници градот ќе биде свечено украсен, особено централното градско подрачје, плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, а ќе има и организиран пречек на Новата година на Градскиот плоштад, со скромна програма. За доброто расположение на оние што токму тука ќе ја дочекаат 2013 ќе се погрижат, пред се, уметници и естрадни личности од градот, а ќе има и новогодишен огномет.

Инаку, се очекува најбројни и овојпат за новогодишните празници да бидат гостите од соседните земји, кои традиционално го избираат Охрид за новогодишните празници, поради потврдената добра забава. Во Охрид ќе има и домашни гости, но пред се оние кои имаат свои станови и куќи така што не се очекува позначајна заработка за приватните станоиздавачи и издавачи на соби.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски