Новогодишни честитки за чист воздух во 2016

Од:

Институтот за јавно здравје и Центарот за истражување и информирање за животната средина – Еко свест ќе испратат 300 новогодишни честитки до донесувачите на одлуките, градоначалниците и потенцијалните аерозагадувачи во земјата. Целта на акцијата е подигање на свеста кај општата популација и да се влијае на намалувањето на аерозагадувањето.

Честитките се изработени од трите најдобри цртежи од учениците од основните училишта „Јохан Хајнрих – Песталоци“, „Лазо Ангеловски“, „Рајко Жинзифов“ и „Св. Климент Охридски“ на тема „Да ја подигнеме свеста кај ајвноста за последиците од аерозагаденоста“.

Денеска во Институтот за јавно здравје ќе биде организирана свеченост на која учениците ќе ги потпишуваат честитките и ќе побараат: Чист воздух во Новата година, а ќе одберат и каде да бидат испратени. Ќе им бидат врачени и благодарници за учество во проектот.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто