Новогодишни честитки на „Лице в лице“ за маргинализираните лица

Од:

Куќичките „Warm Hug” и „Snow Play” на нашиот ликовен уметник, Ване Костуранов, (дел од неговата последна изложба „Улица Љубов“), како мотиви ќе се најдат и на новогодишните честитки кои годинава ги подготви платформата за активизам, „Лице в лице“.

Ним, друштво им прават и минатогодишните мотиви од Костуранов, „Snow Ride“, и „Snowing“, како и делата на дизајнерот на „Лице в лице“, Зоран Инадески, насловени, „Winter”, “The Dream of the city”, “New Year is coming” и “Christmas Love”.

-Најчесто моите слики ја отсликуваат мојата внатрешна состојба, моите чувства. Ведрината и топлината на куќичките на платното се одраз на топлината во мојот дом, особено откако се родија моите две деца. Домот ни е полн со бои и љубов. Очигледно е дека тоа не можам да го сокријам во сликите. Најголема радост ми е кога гледам колку многу луѓе се препознаваат во моите слик, вели Ване Костуранов, уметник во текст за новиот број на „Лице в лице“.

12312295_10208241512650707_327807651_n

Со новогодишните честитки на „Лице в лице“ кои носат топли и искрени мотиви, читателите на списанието ќе можат да им посакаат најубави желби на своите блиски, на пријателите и на соработниците, но, во исто време и да ги поддржат продавачите на уличното списание.

Половина од продажната цена на честитките ќе биде директно за продавачот од кој е набавена, а останатиот дел ќе биде наменет за програми во кои се вклучени продавачите на „Лице в лице“ и за печатење нови изданија на списанието, кое економски и социјално ги засилува маргинализираните лица.

12319262_10208241512050692_1307134269_n
Честитките чинат 50 денари и можат да се набават на неколку начини – кај продавач на улица, кај продавач кој ќе биде поканет во компанија, фирма или организација, како и на електронските адреси: [email protected] и[email protected],

Би можело да ве интересира

Ракометари и продавачи на „Лице в лице“ заедно ја одбележуваат Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Ана Ололовска

Промоција на видео „Да се обидеме и вака“ посветено на образовниот процес

Ана Ололовска

Промовирано најновото издание на списанието „Лице в лице“

Ана Ололовска

Онлајн настан „Лице в лице со новата Земја – соочување“: Каква иднина ќе имаме зависи од нас

Ана Ололовска

Промоција на 40. број на „Лице в лице“

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со продавачи на уличното списание „Лице в лице“