Писателката Јагода Михајловска Георгиева и продавачите на „Лице в лице“ во заедничка акција

Од:

Продавачите на „Лице в лице“, денеска, во придружба на писателката Јагода Михајловска Георгиева, овогодишна добитничка на наградата „Стале Попов“ од Друштвото на писателите на Македонија, за нејзиниот последен роман, „Манастир Фуентерабија“, на ниски температури, но, со позитивна волја и подготвеност, на граѓаните во центарот на Скопје им го претставија најновото издание на списанието, посветено на тема: право на домување.

Инспиративната романсиерка одлучи со секој купен примерок од нејзината најнова книга, „Манастир Фентерабија“, издание на „Три“, да двои една половина од својот авторски хонорар за оваа ранлива група, во текот на целата 2018 година.

Средствата ќе бидат вложени кон создавање структуриран животен стил и подготовка за пазар на труд на младинците што по навршувањето 16 години стануваат и продавачи на „Лице в лице“.
– Ако можете вие да им помагате и да ги поддржувате таканаречените ранливи категории, можам и јас. Штом можам јас, можат да се вклучат и многу други, секој според своите можности и совест. Нека е и симболично во однос на потребите на тие деца и возрасни, сепак е повеќе од кревање рамена, вртење глава на друга страна, или сожалување. Емпатијата е една од најблагородните „зарази“, и треба да се шири – вели една од нашите најнаградувани писателки, авторката на „Индиго Бомбај“, (кој беше прогласен за Роман на годината во 2009 година) и „Каменот од твојот ден“, (кој беше награден во 2005 година со Рациново признание за најдобра проза) во интервју за новиот број на „Лице в лице“.

Носечката тема на новиот 29.број број на уличното списание „Лице в лице“ е врзана за моментната состојба кај нас со бездомништвото, и третира прашања како:
Колку во Македонија на домувањето се гледа како на едно од основните човекови права?
Колку кај нас се остварува ова право, особено кога се во прашање ранливите категории и колку домувањето е сериозен дел од нашата социјална политика?

Овој социјален феномен во Европа и во светот добива алармантни размери. Засегнатите страни што ги застапуваат решенијата на проблемот предупредуваат на ескалирање на состојбата, доколку не се најдат итно соодветни решенија и не се спроведе веќе постојната политика за превенција. Во исто време, постои и добра практика за надминување на оваа „состојба“, која се темели на искуства, но и на длабоки анализи.

Во Македонија, пак, според Анкетата за приходите и за условите за живеење, која ја спроведува Државниот завод за статистика на годишно ниво, во 2015 година, 12,9 проценти од вкупниот број домаќинства имале проблеми со лошите услови за живеење, односно проблеми со покриви што протекуваат, влажни ѕидови, искршени и гнили прозорци. Во текот на наредната година, 2016, овој процент на домаќинства бележи благо зголемување, кога се евидентирани 13,5 проценти од вкупниот број домаќинства.
– Македонија не го мери бездомништвото, а креирањето на јавната политика во оваа сфера предолго се прави без познавање на вистинската слика за овој феномен – низ бројки и социо-демографски карактеристики. Креирањето соодветен институционален одговор налага познавање на предметот на работа и следење на трендовите и на динамиката на развој во одреден општествен контекст – вели Климентина Илијевски, главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, организација која предложи дефиниција што ја состави во соработка со работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво, а која ги опфати јавното и скриеното бездомништво, и, во исто време, предложи градење правна рамка во Законот за домување – за потенцијалното.

Насловната страница, како и целиот дизајн на 29-то издание на „Лице в лице“ е дело на Зоран Инадески.

Би можело да ве интересира

Ракометари и продавачи на „Лице в лице“ заедно ја одбележуваат Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Ана Ололовска

Промоција на видео „Да се обидеме и вака“ посветено на образовниот процес

Ана Ололовска

Промовирано најновото издание на списанието „Лице в лице“

Ана Ололовска

Онлајн настан „Лице в лице со новата Земја – соочување“: Каква иднина ќе имаме зависи од нас

Ана Ололовска

Промоција на 40. број на „Лице в лице“

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со продавачи на уличното списание „Лице в лице“