Новогодишната ноќ во Македонија полна со насилство: Девојки и сопруги тепани од своите партнери

Од:

Новогодишната ноќ во Македонија била полна со семејно насилство, а настрадале многу девојки, сопруги и поранешни партнери, открива новиот билтен на Министерството за внатрешни работи.

„На 31 декември во 21.10 часот 38 годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х. (40).

Истиот ден во гостиварско село полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.

15 минути пред полноќ било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И. (26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27- годишна сопруга.

Рано утрово во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во населбата Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н. (38) од Скопје.

Денеска полицајци од Карпош го привеле Б.М.Ѓ. (37) од Скопје, поради тоа што на 31 декември ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка.

Во Скопје рано утрово М.К. (20) од Куманово пријавила дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош била физички нападната од И.Г. (22) од Скопје.

41 годишна жена утрово пријавила дека на 31 декември околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т“, се вели во извештајот на МВР.

За сите ови случаи МВР соопштува дека презема мерки за расчистување.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ