Новогодишен хепенинг за најмлаите во Куманово

Од:

На градскиот плоштад во Куманово, денеска се одржа Новогодишна манифестација посветена за најмалите во организација на општина Куманово.

Настапија балетски студија од градот кои со песни го пречекаа Дедо Мраз и му ги кажаа своите желби за здравје, успех во учењето, пакетчиња, играчки, домашни миленици.. Со своја програма се претставија и корисници на услугите на двата Деневни центра за лица со попреченост и детскиот градски хор.

Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, кој им посака здравје и благосостојба на најмладите сограѓани.

Новогодишниот музички хепенинг продолжува во попладневните часови со настап на фолк групи, а во вечерните часови на локални поп, рок и хип хоп групи.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе