Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Тие се обвинети дека со фалсификувани документи го добиле тендерот во ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.
Минатото рочиште беше одложено поради боледување на судијката Лидија Зимбовска.
Обвинителите од СЈО досега ги изведоа пред Судот сите докази. На ред се доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.