Криминалецот Зоран Заев како што беше најавено продолжува со политичкиот прогон и теророт врз неистомислениците, пишува поранешниот премиер Никола Груевски и азилант во Унгарија, во ново обраќање на Фејсбук, овој пат по повод судскиот процес кој се води против него за плацовите на Водно.
Еве ја во целост објавата на Груевски:
„Додека неговата влада делеше пасоши на најпознатите европски и светски нарко дилери, под негова раководна палка институциите вршеа и сеуште вршат жесток притисок и уцени на луѓе кои дел ги познавам а дел не, со барање да станат лажни сведоци во фабрикувани процеси против мене во кои наводно јас со наводни партиски пари сум бил сопственик на некакви земјишта и станови а тие сега ги откриле и ќе ги конфискувале.
Тој не се двоуми и самиот да праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост доколку лажно посведочат против мене. Не му е проблем репресиите да одат и до тој степен да некој со денови затворен, да биде лишен и од вода за пиење, ако веќе нема друг начин како делува. Праќањето на сите инспекции во фирми на бизнисмени со задача да им се изврши притисок да станат лажни сведоци е секогаш првата алатка од која почнува па потоа ако тоа е неуспешно оди понатаму кон други тортури.
Одкако изврши притисок на судот и обвинителството во првите година и половина на неговиот мандат, да биде ослободен од обвинението за барање мито од струмички бизнисмен, кое со докази и видео снимки беше поткрепено пред судот, а за чие снимање претходно судот издал наредба, по претходна пријава од жртвата кој беше бизнисмен од Струмица, тој потоа се посвети на правење се што е во негова моќ, вклучувајќи и притворање и тортура со некои луѓе кои наумиле да им бидат сведоци, да ме прогонува мене и други личности во фабрикувани случаи со уценети сведоци да докажува нешто што го наумил а што е невистина.
Во една земја како Македонија со премиер кој од сенка лично ги води и контролира репресивните и правосудни институции, премиер кој неформално некогаш директно а некогаш преку посредник нарачува обвиненија и кажува на судиите кој колку години затвор треба да биде осуден или кога да биде ставен или пуштен од притвор, во процесите од политичките прогони, се е можно, па дури и да ти запленат имот кој не е твој, претставувајќи го како твој со неколку уценети сведоци, да те осудат и да прават политичка пропаганда со тоа.
Дури и кога обвинителството, иако Законот тоа го налага, не те сослушале пред да го пушти обвинението, па лажно преставува дека те сослушале за истата квалификација во сосема друг предмет или користат само за дел од истото изјава дадена уште во фаза на прибирање информации а не изјава пред обвинение, дури ни таквото кршење на законите не им преставува проблем.
Очигледно во периодот пред локалните избори но и потоа кога ќе му заврши планираниот период на глумење патриот и кога планира да направи нови откажувања од националните интереси, на овој балкански измамник му требаат случаи со кои ќе го свртува вниманието од него, од неговите рекетарско-криминални потфати, од бизнисот со марихуаната кој сам себе си го додели како премиер, а притоа и да покажува дека додека всушност го прави криминалот, дека божемно тој се бори против истиот.
Се што во овие години прави Зоран Заев еден ден ќе се разобличи и ќе излезе на површина а тој ќе одговара за тоа.
Целата негова криминална шема и валкани методи ќе бидат откриени и казнети“, пишува Груевски на Фејсбук.