Новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ја презеде функцијата

Од:

Новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Билјана Беличанец Алексиќ, која раководеше со овој дел на градот во изминатите четири години.

По доделувањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, тие остварија заедничка средба.

Во своето обраќање при подигнувањето на уверението, новоизбраниот градоначалник Темелковски, ги потенцираше своите приоритети кои, како што најави ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните.

-Ќе работиме во интерес на сите граѓани и се надевам дека ќе имаме консензус со сите членови на советот и заедно ќе покажеме како може да се развива Кисела Вода.

Во истовреме општинската изборна комисија им ги врачи решенијата и на новите советници на Советот на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода