Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

Од:

Јас Драган Илиевски не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа. Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа, се вели во писменото обраќање на Драган Илиевски, новиот директор на Зоолошката градина во Скопје.

„Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ. Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на Град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени“, вели во писмената изјава Илиевски.

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Ана Ололовска

„Новогодишна Зоо Бајка“ утре во Скопје Зоо

Ана Ололовска