Новинарски пленум: Јанкулоска во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец

Од:

„Новинарскиот пленум со гнасење ја прими веста дека на нашиот колега Борјан Јовановски, уредник на ТВ Нова, денес на домашна адреса му пристигнал погребен венец со натпис „Последен поздрав“ од извесен испраќач со кодно име Тодор Александров.

Овој умоболен чин кој длабоко го потресе семејството на нашиот колега и сите членови на Новинарскиот пленум, го сфаќаме како мафијашка порака од Фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари – што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта! Медиумите под контрола на режимот на Груевски со денови објавуваат пропагандни памфлети полни со омраза и повик за линч против нашите колеги, новинари – членови на Новинарскиот пленум и авторите на критички текстови, поради што сметаме дека сносат директна одговорност за ваквите грозоморни закани.

Бараме од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а од лидерот на ДПМНЕ и премиер да го осуди јавно овој морбиден чин и да ги повика своите медиумски и партиски џелати да ги запрат хајките против новинарите и да стават крај на оваа невидена политичка некрофилија“, се вели во реакцијата на Новинарскиот пленум.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски