Новинарот Драган Ристов ја загуби борбата со коронавирусот

Од:

Долгогодишниот новинар од Штип, Драган Ристов, почина денеска на 47-годишна возраст како последица на компликации од Ковид-19, јавија локалните медиуми.

Ристов во последниве години беше вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип.

Тој беше препознатливо новинарско перо, а во сеќавање на јавноста остана како вработен во штипското радио Канал 77, каде го помина најголемиот дел од кариерата.

Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази длабоко сочувство до неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче