Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Од:

Генералниот колегиум на Медиумската информативна агенција (МИА) реагира на денешниот вербален напад на новинарка од МИА.

„При вршење на својата професија колешката беше вербално нападната од страна на обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“, кој при обид таа да побара изјава од неговиот адвокат, обвинетиот ѝ упати погрдни зборови и пцовки со кои ја одврати од обидот. Сметаме дека ваквото однесување е недозволиво и за осуда и бараме јавно извинување, а надлежните институции да преземат дејствија со кои во иднина ќе се спречат ваквите случувања кои влијаат деградирачки врз новинарската професија“, извести МИА.

Синдикатот на Медиумските Информативни Агенции (СМИА) остро ја осудува вербалната навреда кон новинарката на МИА која денеска ѝ била упатена по објавата на пресудата за предметот Ласкарци.

„Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Денеска токму во куќата на правораздавањето вербално беше нападната нашата новинарка која ја остваруваше нејзината професионална должност, а тоа е информирање на јавноста. СМИА апелира и бара од институциите да се санкционираат напаѓачите соодветно законот за медиуми каде нападите врз новинарите се напад врз службено лице“, велат од СМИА.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“