Новинарите в петок излегуваат на марш за одбрана на достоинството

Од:

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници в петок организираат марш за одбрана на наовинарското достоинство кој ќе почне пред Владата. Двете организации ги повикуваат новинарите и медиумските работнци да излезат и да изразат незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието.

– Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање
– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите
– Крај на агресивниот државен пи-ар
– Поддршка за локалните новинари и медиуми
– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници
– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници

Би можело да ве интересира

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on