ВИДЕО: Новинарите го исвиркаа Вељаноски

Од:

Новинарите од галеријата, од која пред три дена беа најгрубо исфрлени, денеска на почетокот го исвиркаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и ја напуштија собраниската зграда. Јавниот сервис, го игнорираше овој чин на медиумите и во ниеден момент не ја сврти камерата од спикерот.

Новинарите се револтирани од тоа што на најгруб начин, со влечење и тегнење беа исфрлени од галеријата, без никој да им објасни зошто тоа се прави.
Ниту Вељаноски, ниту некој од пратениците не изреагираа на револтот на медиумите. Вељаноски , како ништо да не се случило, си ја продолжи седницата.

Според Уставот, Законот и Деловникот, јавноста има право да биде информирана, а работата на Собранието е јавна.

Вељаноски изрази жалење за настанот, но потенцираше дека тој не дал налог да се отстранат новинарите, туку тоа било проценка на обезбедувањето за да не ескалира инцидентот.
Новинарите бараат одговорност.

Освен ДПА, опозицијата е исфрлена од Собранието.

Инаку денеска на дневен ред се пратеничките прашања. За прв пат во плурална и демократска Македонија, власта сама си прашува и сама си одговара. Oд видеото, атмосферата на почетокот на седницата.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба