Нови судски рочишта за „Траекторија“ и „Триста“

Од:

Во Кивичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ и „Триста“.

На рочиштето за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, треба да бидат разгледани на материјалните докази.

Претседателот на судечкиот совет Горан Бошевски на почетокот на минатото рочиште го одби како неоснован предлогот на одбраната СМС-пораките да бидат отфрлени како докази во постапката, бидејќи тие не можат да се ценат во оваа фаза, како и барањето аудиоснимките и вештачењата да не се користат во постапката како материјални докази поради неможноста да се потврди нивната автентичност.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт и предлог, но оти не се чувствуваат за виновни.

Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Адвокатите во своите воведни говори рекоа дека ќе покажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.

На рочиштето за предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, неговата одбрана треба да даде воведни зборови, а ќе бидат повикани и четворица сведоци на СЈО.

Обвинителите посочија дека Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Судењето за „Траекторија“ одложено до назначување на нов судија

Нови рочишта за „ТНТ“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Монструм“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

Судење за „Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Ана Ололовска