Нови станови на Груевски: ги изнајмил без пари пред да избега, а се во зградата во која живееше

Од:

Полицијата направи претреси во четири стана што се поврзуваат со експремиерот и азилант, Никола Груевски, со наредба од обвинителката Лиле Стефанова за случајот познат како „Плацови на Водно“. Според информации на „А1он“, два од становите што се споени се оние каде што живееше Груевски на улицата Бихаќска, а се водат на мајка му Надежда. Другите два стана се во истата зграда, на истиот кат, а според имотниот лист се водат на секретарка, која работи кај познат бизнисмен, близок до Груевски.

Зградата во која живееше Груевски на „Бихаќска“

Пред да избега во Будимпешта, Груевски во 2018 година склучил договор за закуп со формално-правната сопственичка на становите. Според неофицијални информации, договорот за закуп е направен за Груевски да ги користи становите без да плаќа кирија. Становите претходно се замрзнати за да не може да се отуѓуваат.

Според извори во истрагата, во становите се затекнати документи, уметнички слики и макети за проектот „Скопје 2014“. Сите четири стана се со квадратура повеќе од 300 квадрати. Едниот од нив служи и како библиотека, преполн со стручна литература.

Истрагата ќе треба да покаже дали овие два стана за кои Груевски има склучен договор за закуп, без да плаќа кирија, се негови и купени од пари што членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги уплаќале како членарини и донации во партијата. Тоа е и една од причините за што е направен претресот.

Никола Груевски е само еден од осомничените во случајот „Плацови на Водно“, каде што се сомничи дека сторил кривично дело перење пари. Освен него, се гонат и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кумот на Груевски, Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев, како и сопственик на офшор-компанија. Истрагата се води од октомври 2020 година. Според Обвинителството, во периодот од 2006 година до 2012 година Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за себе прибавил над 1 милион и 300 илјади евра од членовите на партијата.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он