Нови штедливи светилки на градскиот кеј во Куманово

Од:

Нови штедливи светилки се поставуваат деновиве на градскиот кеј во Куманово, преку пилот проект и донација од приватна компанија кој го реализира ЈП „Куманово-Паркинг“ задолжено за јавното осветлување, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Оттаму информираат дека се поставени 60 проценти од светилките на оваа локација во градот. Преку проектот, ќе се увиди заштедата со користење на лед светилки.

– Апелирам до граѓаните да се однесуваат совесно кон поставените светилки, да не ги кршат постојано како што тоа беше случај изминативе години, изјави директорот Фадиљ Шабани.

Тој информираше дека преговараат со компанија која ќе постави улично лед осветлување на потегот на булеварот “Октомвриска револуција“.

Претходно на градски плоштад беше поставено ново улично осветлување, 61 канделабра со штедливи светилки, за што претпријатието одвои 2.275 милиони денари без Данок на додадена вредност.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане