Нови семафори на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Од:

Општина Куманово постави нови семафори на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пиринска“.

Поставени се три портални столбови, вертикални и хоризонтални и соодветна сообраќајна сигнализација. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 3,9 милиони денари. Семафорите веќе се во функција, информираа денеска надлежните од секторот за урбанизам.

– Се надеваме дека со новите семафори ќе се подобри сообраќајната безбедност во овој дел од градот. Во зависност од потребите размислуваме сообраќајниот режим долж булеварот да биде наизменичен и да се избегне зелениот бран, со што ќе се скрати можноста несовесните возачи да ја надминуваат дозволената брзина, изјави Момчило Јовановски од секторот за урбанизам.

Семафорите се наоѓаат на фрекфентен булевар во близина на спортската сала, тениските терени и градскиот кеј каде што фрекефенцијата на пешаци е висока особено во летниот период.

На булеварот „Октомвриска револуција“ во должина од два километри поставени се пет семафори на пет крстосници.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане