Нови рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Тврдина 2“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК.

На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Рочиштето за предметот „Титаник” за изборни нерегуларности треба да продолжи со читање на СМС пораките од комуникацијата на обвинетите од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинтелство.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески