ВИДЕО: Нови претставки за судиите кои го ослободија Сеад Кочан

Од:

Здружението „Зелена лупа“ поднесе нови 18 претставки за одговорност на судии до Советот за утврдување факти, меѓу кои и за судиите кои му овозможија на бизнисменот Сеад Кочан законска можност да излезе од притвор.

Новите иницијативи се против судии од Основниот суд Скопје I- Скопје, Апелациониот суд и од Врховниот суд. Иницијативите се поднесува за „несовесно работење со службата” и „злоупотреба на сл. должност и овластувања” поради суштествени повреди во текот на постапката во предметите по кои постапувале како судии.

Меѓу нив се првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и судиите Фаик Арлсани, Џемали Саити, Ристо Катавеновски и Рахилка Стојковска.

Иницијатива е поведена и против судијката Билјана Коцевска од кривичниот суд, потоа против судиите во Апелациониот суд, Зуица Наумова, Цветанка Периќ и Африм Фидани.

Претставки се поднесени и за судијката Моника Бахчовановска и Лидија Петровска, Милка Ангеловска-Васевска која досуди условна казна затвор за напаѓачите од Собранието, Џента Бектовиќ и Марина Станевски. Васко Тодоровски од Зелена лупа информираше дека инцијативи за утврдување одговорност на судии се поднесени и за претседателката на Апелациониот суд, Љиљана Шопова Ивановска, Татјана Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Амзаи.

Би можело да ве интересира

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Алфите го однесоа Кочан во Идризово

Васко Маглешов

Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Васко Маглешов