А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови плажи на Преспанско Езеро до почетокот на сезоната

by А1он05/03/2015 - 15:14544
Share0

До средината на јуни годинава ќе бидат уредени две нови модерни плажи во должина од 600 метри кај населбите Стење и Сливница на брегот на Преспанското Езеро.

Добивај вести на вибер

Почетокот на градежните работи беше означен денеска кај Стење, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претставници на ресенската локална самоуправа.

Во Стење се уредува 500 метри плажа, а на источниот брег во Сливница 100 метри.

Инвестицијата изнесува 77 милиони денари и треба да придонесе за заживување на туризмот во препанскиот регион.

Плажите ќе имаат многу содржини, игралишта за одбојки, фудбал, бадминтон,… шанкови, и целосно ќе бидат покриени со нов песок со што, според Јанакиески, се очекува Сливница и Стење да бидат подеднакво атрактивни и за домашни и за странски гости.

– По повеќе децениска стагнација на туризмот во Преспа веќе се работи на нешто што ќе придонесе за развој на оваа гранка што по редот на нештата ќе биде носечка во развојот на стопанството во овој регион, истакна градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Покрај во плажите, ќе има вложувања и во обнова на регионалниот патен правец Битола-Буково и локалниот пат до Стење. Без инфрастуктура, беше истакнато, нема ни гости.

Како што информира Јанакиекси, добиен е позитивен одговор од Светска банка за реконструкција на овој патен правец при што ќе се објави јавен повик за истиот за изградба и реконструкција, а ќе се реконструира и самиот локален пат што води до самата плажа.

prespa

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он12/01/2024 - 12:5512/01/2024 - 12:56

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on12/01/2024 - 07:5112/01/2024 - 07:53

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Катерина Ѓуровски11/09/2021 - 08:42

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он31/08/2021 - 15:5501/09/2021 - 07:32

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он30/08/2021 - 21:28

1.3 милиони евра од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа

Жарко Настоски25/10/2020 - 11:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен