Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Од:

Кандидатот за втор градоначалнички мандат во Центар, Горан Герасимовски, најави вложувања во реконструкција на улици, уредување на јавни простори и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

– Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците. Тоа е мојата визија, предвидена во новата програма. Приоритет ќе имаат пешаците и жителите, безбедноста е најважна, особено за семејства со деца, постари лица и велосипедисти, рече Герасимовски.

Еден од поголемите проекти ќе биде целосната реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до Паркот на франкофонијата.

„Ќе го обновиме она што е започнато со „Ленинова“, по истиот терк како и првиот дел на улицата. Ќе ги обновиме тротоарите, ќе поставиме велосипедска патека и ќе засадиме зеленило долж целата улица“, додаде тој.

Предвидено е и уредување на делот од Градски ѕид, од Зелен пазар до улицата „Македонија“.

„Просторот темелно ќе биде трансформиран со ново хортикултурно уредување, поставување клупи, светилки и уредени пешачки патеки. Ќе има функција на мини урбан парк и ќе го поврзува пазарот со деловниот и станбен дел на општината. Овој потег е исклучително фреквентен и неговото уредување ќе има директно позитивно влијание врз секојдневието на илјадници граѓани“, истакна Герасимовски.

Планирани се реконструкции и партерно уредување на над 30 пјацети и улици, меѓу кои „Коле Неделковски“, „Христо Смирненски“, „Коста Веселинов“, „8 Март“, „Наум Наумовски Борче“, и др.

Во изминатите четири години, Општина Центар реконструираше 24 улици, со што се подобри инфраструктурата и се зголеми безбедноста на сообраќајот.

На барање на граѓаните се санираше улицата„ Орце Николов“, во делот на „лежечките полицајци.

,,Ги слушаме граѓаните и реагираме таму каде што е најпотребно. Таков беше случајот со улицата „Орце Николов“, која сега, по санацијата, е многу побезбедна“ рече Герасимовски.

„Овие четири години покажавме дека со труд и посветеност можеме многу да промениме. Продолжуваме со нов елан и со јасна визија , да го направиме Центар функционален и поубав, по мерка на секој граѓанин“, заклучи Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски