Нови канделабри ќе се поставуваат во Куманово

Од:

Нови шеесетина канделабри ќе бидат поставени во наредниот период во Куманово, на потегот од булевар „Доне Божинов“ од автобуската кон градската џамија каде што се наоѓаат повеќе институции од витално значење, најавија денеска надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ во чија ингеренција е јавното осветлување во Куманово.

– Пред неколку дена завршена е комплетна тендерска постапка за реализација за поставување на 60 канделабри на улица „Братство и единство“, на потегот од улица „Доне Божинов“ кон автобуска станица, улица „11 Октомври“ кон градската џамија. Во тој дел од градот, досега немаше осветлување, а во конкретниот дел на градот има доста објекти од значајно функционирање на градот, почнувајќи од автобуска станица , деловни простории, Домот за стари лица, канцеларии на „Чистота и зеленило“ на Агенцијата за поттикнување на земјоделството, и градскиот парк, нагоре стадионот и градска џамија итн. КООП Инженеринг од Скопје е избран за изведувач на овие работи, а вредноста на договорот е еден 1.680.334 денари, без ДДВ, изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово-паркинг“

„Куманово-паркинг“ во континуитет продолжува со одржување на уличното осветлување, санирање на сите дефекти, замена на дотраените светилки.

За тековно одржување на уличното осветлување на годишно ниво се одвојуваат околу 14 милини денари од општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане