Нови измени за паркирање во центарот на Штип

Од:

Советниците на Советот на општина Штип на денешната 20-та седница ги прифатија измените на одлуката за наплата на паркинг-просторот во централното градско подрачје, а која е донесена пред четири години. Новите измени се однесуваат на намалување на цената и на бројот на паркинг-места.

Директорот на ЈП „Стипион“-Штип Тони Јовев информира дека жителите кои живеат во центарот ќе можат своите автомобили да ги паркираат за 160 денари месечно. Доколку граѓаните сакаат закуп, на годишно ниво ќе ги чини околу 28.000 денари.

– Службите за наплата ќе имаат на располагање 590 паркинг-места. Првиот час ќе изнесува 20, а секој следен час по 15 денари. Грепките за платениот паркинг ќе се продаваат на неколку локации, рече Јовев.

Тој додаде дека ќе има служба која ќе се грижи за наплатата на паркинг-местата, која се очекува да почне со работа во септември.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“