За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Од:

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство, вели претседателката на НВО „ЕХО“, Бети Пеева. Таа посочува дека за 11 месеци само во Штип се регистрирани три случаи на фемицид, а статистиката за насилство врз жени е уште позагрижувачка.

– Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип и околината, а има и од источниот дел, вкупно 109 случаи на насилство врз жени и деца, односно, девојчиња и ова е навистина загрижувачки факт. Ова е бројка само од овој дел, инаку „ЕХО“ работи и во Пелагонискиот и Југоисточниот регион и ако ги собереме и тие бројки, доаѓаме до некоја бројка од 180 случаи оваа година, а годината се уште не е завршена, изјави Пеева.

Таа додаде дека законската регулатива за заштита на жртвите на семејно насилство е солидна, постои и мултисекторска соработка, но понекогаш затајуваат институциите, односно се доцни со процедурите.

– Не само институциите се виновни за тоа, значи и самите жртви кои пријавуваат, поради трендот на економска зависност кој се зголемува од година во година, се премислуваат, се враќаат назад. Честопати пред да преземеме некоја постапка, тие се премислуваат и не сакаат да одат понатаму, рече Пеева.

Граѓанските организации кои работат на ова тематика веќе подолг временски период предлагаат промена на членот 130, став 2 од Кривичниот законик, односно насилникот да не се гони по предлог на жртвата, туку по службена должност.

– Жртвата се плаши од самиот сторител, дека доколку даде нејзина согласност за кривично гонење, во меѓувреме, додека да завршат процедурите и додека да се санкционира сторителот, може да се случат уште погрозоморни дела, посочува Пеева.

Според анализите на граѓанскиот сектор, во 2025-та година се бележи висок број пријавени случаи на семејно и родово базирано насилство, но се уште не постои единствен и транспарентен систем што ги следи предметите до обвинение и пресуда.

Изминатите денови во источниот регион се реализираа низа на работилници и средби во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски