Нови издадени 2.338 потврди за азил, најбројни Авганистанците

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.338 странски државјани, од кои 869 се од машки пол, 610 се од женски, 857 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште две деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на  Авганистан 813, Сирија 804и Ирак 721.

Во периодот од 19.06.2015 до 20.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 356.221 странски државјани, од кои, 195.805 се од машки пол, 59.123 се од женски, 83.279 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.014деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 201.506, потоа на Авганистан 87.399, Ирак 45.875, Иран 6.231, од Пакистан 5.416,Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514,  Алжир 453, Либан 434,  Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено    барањеза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20.12.2015 година евидентирани се вкупно 23 баратели на азил од кои осум мажи, три жени, единаесет деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, единаесет баратели на азил (четири мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и три малолетни лица без придружба на старател )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто