Драган Илиевски и Зоран Попов нови директори на „Водовод“ и Зоолошката градина

Од:

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство.

„За нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20-годишно работно искуство“, известуваат од Град Скопје.

„Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена“, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он