Нови 70 професионални војници во Армијата, следи конкурс за уште 200

Од:

Армијата се развива, јакне, и она што е најважно како што гледаме денеска нашата Армија се подмладува. Вие денеска станувате дел од најценетата, најпочитуваната институција со најголема доверба во нашата држава, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешниот прием на нови 70 професионални војници во касарната „Илинден“.

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, истакна дека вложувањата во Армијата во изминатите три години придонеле првпат по долги години, интересот да биде исклучително голем.

-Првпат, за 70 места за војници имавме 750 кандидати, практично по 10 кандидати за секое место. Тоа покажува дека нашето вложување во институцијата, во подобри услови и опрема, веќе се забележува од страна на сите, порача министерката.

Шекеринска информираше дека во наредниве денови ќе биде распишан нов конкурс за прием на уште 200 професионални војници кои што покрај тоа што ќе ја подмладат Армијата, ќе создадат и нов капацитет во кој Армијата и Министерството ќе вложуваат.

-Приемот во НАТО, доаѓањето на Бригадата на Југоисточна Европа, новата опрема и зголемените плати во Армијата, придонесот во вонредната состојба, лидерското место во транспарентност и довербата кај граѓаните, направија 2020 година да биде наша успешна година во делот на одбраната, рече Шекеринска.

На свеченоста по повод приемот на новите војници присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, Васко Ѓурчиновски и командантот на касарната „Илинден“.

Со денешниот прием на 70 војници вкупната бројка на новопримени војници во изминатите три години изнесува 630.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори