Нови 67 заболени од Ковид-19, еден починат

Од:

Во последниве 24 часа од направени 868 тестови, има 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Еден пациент починал во последново деноноќие, а 25 лица се оздравени.

На клиниката за Инфективни болести примени се шест нови пациенти. На клиниката има вкупно 40 пациенти, од кои нема пациенти кои дишат со помош на респиратор, а 16 се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 27 пациенти, од кои шест дишат со помош на респиратор.

На Инфективното одделение во Битола има 7 пациенти, во Штип – 14, а во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп има 27 хоспитализирани пациенти.

Филипче изјави дека има нов кластер во Тетово, од еден правен субјект и 40 лица оттаму се во изолација. Раст на бројот на заболени има и во Липково.

Подетални информации за дистрибуцијата по општини Филипче најави за подоцна во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски