А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови 49 заразени со Ковид-19, најмногу во Куманово и Скопје

by А1он11/04/2020 - 14:4212/04/2020 - 11:011001
Share0

Во земјава во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови најмногу има во Куманово 14 новозаразени лица а во Скопје 13.

Следете a1on на Instagram Instagram

Останатите нови случаи се во Штип 6, Прилеп 8, Велес 6, и во Гостивар и Кочани по едно лице.

Како што информира Министесрот за здравство Венко Филипче, со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Денеска нема да се одржи редовната прес-конференција.

coronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Аеродром, Карпош и Центар остануваат општини со најголем број активни случаи на Ковид

Предраг Петровиќ25/10/2020 - 20:05

Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма

А1он02/08/2020 - 11:23

Полицијата казнила 805 лица за неносење маски, четири лица ја прекршиле мерката за самоизолација

А1он21/06/2020 - 09:5121/06/2020 - 10:31

Дали „Остани дома“ е сигурно за сите: нема зголемени јавувања на СОС-сигналите, жртвите срамежливо пријавуваат насилство

Ана Василевска14/05/2020 - 12:2014/05/2020 - 13:40

Полициски синдикат: И ние сме луѓе, воздржете се од верски собири

А1он10/05/2020 - 14:29

Потврдени се 20 нови случаи на ковид-19, најмногу заболени во Скопје

А1он10/05/2020 - 11:5610/05/2020 - 12:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео